Аргентина успеа да се квалификува на Светското првенство во Русија, фаќајќи го последниот воз, со триумф над Еквадор од 1-3, и тоа благодарејќи на извонредниот Лионел Меси, кој постигна хет – трик. Еквадор поведе уште во првата минута со голот на Ромарио Ибара во првата минута, но Меси сепак брзо ги врати „гаучосите“ во игра израмнувајќи во 12.минута. Само осум минути подоцна Меси донесе и водство за Аргентина, а третиот гол го постигна во вториот дел.
Бразил со триумф над Чиле од 3-0 го завери патот на СП, а стрелци на головите беа Паулињо и Габриел Хесус, кој постигна два погодоци. Чилеанците со овој пораз испаднаа од конкуренција за мундијалот.
Уругвај со 4-2 ја совлада Боливија на домашен терен и се пласира на СП во Русија, а Перу и Колумбија ремизираа (1-1), што им одговараше и на двете селекции. Колумбијците како четвртопласирани одат директно на мундијалот, а Перу ќе мора да мине и бараж за да ја види Русија. Парагвај можеше да биде во баражот, но му беше потребна победа, а на крајот загуби дома од Венецуела со 0-1.
Квалификации во Јужна Америка за СП, последно коло
Еквадор – Аргентина 1-3, Бразил – Чиле 3-0, Уругвај – Боливија 4-2, Перу – Колумбија 1-1, Парагвај – Венецуела 0-1
Табела: Бразил 41, Уругвај 31, Аргентина 28, Колумбија 27, Перу 26, Чиле 26…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА