Американската тенисерка Серена Вилијамс ќе се врати на тениските терени по породувањето и ќе ја брани титулата на следниот гранслем турнирот Австралија Опен во Мелбурн. Првиот човек на турнирот, Крег Тајли, потврди дека некогаш најдобрата светска тенисерка повторно ќе игра на овој гранслем.
„Серена се враќа. Се радуваме што повторно ќе ја нагостиме и ќе го следиме нејзиниот пат кон уривањето на рекордот по бројот на освоени гранслем турнири“, изјави Крег Тајли.
Најтрофејната тенисерка на сите времиња поради бременоста привремено се повлече од тенисот, а во септември го роди девојчето Алексис Олимпија Оханијан. Само четири месеци подоцна таа ќе се појави на терените во Мелбурн.
Во машка конкуренција, ќе се појават и Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, кои оваа сезона отсуствуваа подолго поради повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА