Младиот македонски ракометар Тоше Ончев си заминува на позајмица од редовите на Вардар и до крајот на сезонава ќе го носи дресот на Пелистер. Станува збор за играч со голем потенцијал, но за натамошен развој неопходна му е позначајна минутажа, поради што беше испратен во Битола.
Ончев пред почетокот на сезоната беше прекомандуван од екипата на Вардар јуниор во првиот тим, и ги мина подготовките. На позицијата лево крило покрај Ончев, пријавени за настап во СЕХА лигата и ЕХФ лигата на шампионите се уште и Тимур Дибиров и Владо Недановски, а за мечевите во СЕХА лигат пријавен е и Стефан Чакалиќ.
Ончев сезонава тој играше на два натпревари во СЕХА лигата и постигна три гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА