Полска со победата над Црна Гора обезбеди директен пласман на СП во Русија, но за жал оваа средба се покажа кобна за Лукаш Пишчек, кој заработи тешка повреда на коленото.
Бекот на Борусија Дортмунд мораше да биде заменет, а лекарските прегледи покажале дека станува збор за проблем со лигаментите на коленото. По деталните прегледи ќе биде познато за какво точно оштетување станува збор, но како што јавуваат полските медиуми, во секој случај Пишчек го очекува подолга пауза од терените.
Ако станува збор за „најцрно сценарио“ – кинење на вкрстени лигаменти и пауза од околу девет месеци, тоа би значело крај на сезоната за овој одличен фудбалер, но и најверојатно пропуштање на мундијалот во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА