Весли Снајдер пристигна во Ница како огромно засилување за овој клуб, но премногу кратко траеше љубовта меѓу холандскиот интернационалец и тренерот Лусијан Фавр. Имено, Фавр на три од последните четири средби воопшто не сметаше на овој фудбалер, а Снајдер последниот меч против Марсеј не беше ниту на клупата за резерви.
„Весли мора да се навикне да биде резерва“ – гласеше одговорот на тренерот на Ница на новинарското прашање околу статусот на поранешниот фудбалер на Интер и на Реал Мадрид.
Како што јавуваат француските медиуми, со ова уште повеќе биле разгорени страстите и Снајдер веќе му порачал на својот менаџер да почне да бара нов клуб. Како што стојат работите, тој е најблизу до камбек во Турција, каде Башакшехир му нуди одлични услови за потпис на договор на една и пол година, трансфер што може да се реализира во јануари 2018.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА