Охриѓани ја решија Струмица, на ред е Борац Чачак

Кошаркарите на Охрид триумфираа на гостувањето против Струмица (76-90) на стартот од Првата лига, како успешна увертира пред претстојното дерби од АБА2 лигата против Борац Чачак, меч закажан за 11 октомври.

Охриѓани уште од самиот почеток ја презедоа контролата, добивајќи ја првата четвртина со 15-24. Домаќините добро парираа во вториот период, но на крајот сепак пресуди квалитетот на гостинскиот состав, кој во 23. минута стигна до двоцифрена предност (18-28) што потоа рутински ја одржуваше до финишот.

Бери со 33 и Рос со 27 поени беа први стрелци на Охрид на денешниот натпревар, додека најдобар поединец кај струмичани беше Кевин Монтес со 20 поени.

Се вчитува...