Британскиот возач Луис Хамилтон постигна најбрзо време во денешните квалификации пред утрешната трка за Големата награда на Јапонија.
Хамилтон со Фетел водеше голем битка за шампионската титула, а денеска оствари и голем чекор напред кога е во прашање победата на патеката „Сузука“. Британскиот возач беше најбрз во квалификациите со време 1:27.319, а зад него заврши клупскиот колега Валтери Ботас, додека трет е Германецот Себастијан Фетел. Понатаму следат Рикаирдо, Верстапен, Раиконен…
Доколку сака да остане со реални шанси за шампионската титула, Фетел мора утре да стигне до победа, а тоа ќе биде исклучително тешко затоа што пред него на стартот ќе има два Мерцедеси.
Утрешната трка за Големата награда на Јапонија почнува од 7 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА