ЕКИПА во Торино, Италија
Никола Ѓуровски
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев не ја криеше радоста по ремито против Италија во квалификациите за СП, земја во која ја доживеа својата најголема фудбалска слава. Токму затоа е и задоволството кога со својот национален тим ќе успеете да бидете рамноправни со четирикратниот светски шампион…
„Овој натпревар и резултат ми направија најголем ќеиф откако играм фудбал. Да одиграме вака со мојата Македонија овде во Италија, земја во која играм фудбал една деценија. Мислам дека сите мора да бидеме задоволни и сега очекуваме преполн стадион во Струмица против Лихтенштајн“ – истакна Пандев за ЕКИПА, веднаш по дуелот со Италијанците…
Фудбалскиот ќеиф најголем во кариерата со го направи, а дали и во следниот квалификациски циклус ќе игра за Македонија дополнува:
„Искрено не знам… Нека помине и последниот меч од овие квалификации!“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА