ЕКИПА во Торино, Италија
Никола Ѓуровски
Македонскиот селектор Игор Ангеловски не го криеше задоволството од ремито на гостински терен против Италија, потенцирајќи ги сите заслуги за квалитетниот дуел и нерешениот резултат за фудбалерите…
„Честитки за фудбалерите кои одиграа одличен натпревар. Кога нема да загубиш против четирикратен светски првак на гости тогаш секако мора да си задоволен. Заслугите одат за сите кои настапија, а сега треба да го видиме вистинскиот карактер на нашата репрезентација и да го победиме Лихтенштајн. Нема поголема сатисфакција од фактот да ремизираш против Италија, еден светски првак на гости, можеби и ни се врати заслуженото по два одлични натпревари против аѕурите“ – истакна на прес-конференцијата по мечот Игор Ангеловски, дополнувајќи дека влегувањето на Трајковски, кој го донесе ремито, дополнително во игра било договорено уште пред мечот.
„Трајковски беше џокер. Тоа беше договорено пред мечот. Тој го направи и пресвртот во играта и против Албанија“ – рече Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА