Голем СУВ, мала цена – FORD KUGA

Компанијата Ми-Да Гранд Моторс стартува со кампања „ГОЛЕМ SUV, мала цена“ за најпродаваното SUV возило на Ford во Европа. Кампањата се однесува на сите Ford Kuga со дизел мотор со почетна цена од 19.990 евра со Trend опрема. За вистински да ја доживете новата Ford Kuga потребно е да закажете тест возење во Ми-Да Гранд Моторс. Само така ќе можете да ги почувствувате безбројните можности на ова инспиративно возило. Напредната hands free SYNC 3 технологија заедно со функциите на паметната технологија All-Wheel Drive и Active Park Assist, ќе ги задоволат вашите потреби при секое патување и ќе одговорат на вашите сетила. SYNC 3 технологијата овозможува слободно возење на начин што возачот преку гласовни команди може да ги најде најблиските нешта по кои трага.

Новиот интерфејс со 8-инчен екран на допир за навигација, ги препознава истите стискања и повлекувања како и кај паметните телефони и таблети. ЅYNC 3 поддржува AppLink, CarPlay од Apple и Android Auto со цел да ги прикажува на екранот сите ваши информации од паметниот телефон.

Active Park Assist е вистински асистент при секое паркирање бидејќи освен што ќе пресмета дали вашата Kuga може да ја собере на паркинг местото, безбедно ќе ве насочи додека управувате со менувачот и педалите.

Kuga

За фрекфентните градски улици, иновативната Active City Stop функција ќе ви помогне да го избегнете или намалите ударот кој вообичаено се случува во бавниот сообраќај кој се одвива тргни- застани на тој начин што доколку забележи дека возилото пред вас ненадејно успорува, а вие патувате со брзина под 50 километри на час, автоматски ги активира кочниците.

Денес возењето стана сé понапорно, а ние како возачи се понапнати, Ford Kuga е возило кое навистина ќе ве релаксира започнувајќи од цената па сé до најситните нејзини перформанси. Закажете тест возење и запознајте се со новата Ford Kuga.

Комерцијален текст

Се вчитува...