Младата репрезентација на Македонија го запиша својот прв пораз во последните три години откако е под водство на Благоја Милевски на домашен терен.
Селекцијата до 21 година претходно, како што е познато, под водство на Милевски немаше ниту еден пораз на домашен терен во квалификацискиот циклус за ЕП 2017. Но, тоа беше во претходниот квалификациски циклус.
Сега, новата генерација млади фудбалери кои ги води Милевски, во вториот квалификациски дуел за пласман на ЕП 2019 во Италија, не успеа да ја повтори играта од Ерменија од првото коло, доживувајќи пораз од 0-2 (0-2) од големиот фаворит за првото место во групата, селекцијата на Србија.
На дуелот на тренинг центарот „Петар Милошевски“, гостите беа далеку подобар противник сосема заслужено стигнувајќи до триумфот пред се и поради нашите грешки во одбраната во првото полувреме, кога Србите стигнаа до двата погодоци.
Во 22. минута Србија преку лесен погодок на Саша Лукиќ стигна до водство од 0-1. На 0-2 зголеми фудбалерот на португалска Бенфика, Андрија Живковиќ со ефектен погодок во 37. минута од средбата…
Во второто полувреме повторно гостите ја контролираа играта, но без посериозни шанси на почетокот од вторите 45 минути.
Македонија имаше свои шанси преку Тотре во 69. минута, а потоа и преку нововлезениот Георгиев во 79. минута и посебно во 82. минута кога имаше убава шанса барем за почесен погодок, но не успеа да ја искористи. И Србите преку Грујиќ и Јовиќ имаа свои шанси, но резултатот до крајот остана непроменет.
Во секој случај, Македонија ја продолжува битката за водечките две позиции во групата кои водат на ЕП. Следниот натпревар е веќе за четири дена, на 10. октомври, кога гостуваме на дуел во Португалија против младата репрезентација на Гибралтар.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2019 – У21
МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА 0-2 (0-2)
Тренинг центар „Петар Милошевски“. Гледачи: 2.000. Главен судија: Франсоа Летексие (Франција). Стрелци: Лукиќ 22′, Живковиќ 37′ (С). Ж. картони: Чешмеџиев, Петковски, Костадинов, Елмас (М); Јовановиќ (М). Црвен картон: Чешмеџиев 86′(М).
МАКЕДОНИЈА: Илиќ, Попзлатанов, Чешмеџиев, Амановиќ, Симовски (79′ Кривањева), Тотре, Елмас, Петковски (66′ Абаз), Ѓоргев, Селмани (56′ Георгиев), Костадинов
Селектор: Благоја Милевски
СРБИЈА: Радуновиќ, Машовиќ, Радоњиќ, Пантиќ (73′ Дениќ), Јовиќ, Богосавац, Јовановиќ, Стевановиќ, Грујиќ, Живковиќ, Лукиќ
РУСИЈА – АВСТРИЈА 1-0
ТАБЕЛА: Русија (3 нат.) 7 бода, Ерменија (4 нат.) 7 бода, Србија (2 нат.) 6 бода, МАКЕДОНИЈА (2 нат.) 3 бода, Австрија (2 нат.) 3 бода, Гибралтар (5 нат.) без бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА