ЕКИПА во Торино, Италија
Никола Ѓуровски
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев целата своја кариера ја изгради во Серија А, и секако е добро познато лице и во Торино. Сега за прват доаѓа како предводник на Македонија во Италија, и се надева дека нашиот национален тим ќе се претстави во добро издание.
Џанлуиџи Буфон е негов стар познаник од дуелите со италијанскиот шампионат, а Пандев вели дека би можел и утре уште еднаш да го совлада.
„Италија е светска фудбалска велесила, а Македонија е посебно мотивирана да покаже дека може да се надигрува и со најдобрите европски репрезентации. Младата генерација донесе и дополнителен квалитет и секако ни ја зголеми самодовербата, па се надевам дека и на утрешниот натпревар ќе се претставиме во најдобро светло. Буфон? Тој е „гранде“ голман, еден од најдобрите во историјата, но сум постигнал неколку гола против него. Би можел и утре, зошто да не? Сепак, ова не е меч меѓу нас двајца, се надевам дека Македонија ќе одигра квалитетен натпревар и пријатно ќе изненади“, истакна капитенот на нашиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА