Халеп најде лек за „комплексот“ Шарапова

Симона Халеп конечно успеа да најде начин да слави на дуел со Марија Шарапова, откако ги загуби претходните седум дуели со руската тенисерка. Романката и Русинката денеска се сретнаа на турнирот во Пекинг, при што Халеп неочекувано лесно (6-2, 6-2) ја совлада ривалката од која последен пат беше поразена на стартот на УС Опен.

Фановите очекуваа жестока битка, но на Халеп и беа доволни само 72 минути за да го скрши отпорот на руската тенисерка и да се пласира во четвртфиналето. Шарапова и Халеп играа во Пекинг пред пет години, тогаш Русинката триумфираше со 2-0, но овојпат романската тенисерка успеа да го надмине комплексот против најтешката ривалка во својата кариера и направи чекор напред, во обид повторно да се вмеша во трката за првото место на ВТА-листата.

Халеп во четвртфиналето ќе се сретне со подобрата од дуелот Касаткина – Радванска.

Се вчитува...