Тренерот на МЗТ Скопје, Александар Тодоров, не го криеше разочарувањето по очајното издание на својот тим и убедливиот пораз од ФМП (100-72). Тој го критикуваше пристапот на кошаркарите, кои според него не ги бранеле боите на „металците“ онака како што заслужува актуелниот првак на Македонија.
„Честитки до ФМП, домаќинот водеше 30 минути, беше подобар тим, постигна 30 поени во последната четвртина… и се е јасно. За мене најважен е пристапот, начинот на кој излеговме да ги браниме боите на нашиот клуб. Срамота е како игравме денеска за клуб кој има толку многу навивачи, многумина очигледно и не разбираат чиј дрес носат. Не е проблем тактиката, туку борбеноста и пристапот. Го победивме Партизан и помисливме дека сме голем тим. Ова е пораз за трезнење, мислам дека и самите кошаркари се срамат. Во последната четвртина само стоевме на теренот, очигледно е дека ќе мораме да корегираме многу работи“ – истакна Тодоров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА