Алберто Џилардино официјално е нов играч на италијанскиот второлигаш Специја, напаѓачот потпиша двегодишен договор, а клубот веднаш му го додели дресот со број „10“.
Искусниот италијански фудбалер пред заминувањето во Серија Б, беше на проба во Монтреал импакт, тимот кој игра во МЛС-лигата. Но, на големо се шпекулираше дека Кристал Палас ќе биде неговата следна дестинација, сепак Џилардино можеби ја пропушти единствената шанса да заигра во Премиер-лигата, знаејќи дека е во залезот на кариерата.
Специја пак, добива вистинска „фаца“ во тимот. Џилардино е освојувач на Светското првенство со Италија во 2006 година, исто така може да се пофали со трофеј и од Лигата на шампионите. Поранешниот голгетер на Милан важеше за голем италијански талент, а во Серија А е запишан како деветти најдобар голгетер во историјата, со 188 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА