Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе вози извонредно во рамките на ЕТЦЦ шампионатот, каде на една трка пред крајот заостанува само осум бода зад водечкиот Петр Фулин. Во викендот што следи на трката во Чешка ќе претстои разврската за титулата, а Иџе се надева дека ќе успее да стигне најмалку до една победа и да ги замрси сметките на Фулин во битката за титулата.
„Со оглед на прогнозите од пред почетокот на сезоната, остваривме резултати подобри од оние на кои се надевав. Имаме две победи на две исклучително тешки патеки, воедно и за првпат во историјата Македонец до последната трка се бори за титулата во ЕТЦЦ шампионатот. Се надевам дека повторно ќе ја израдуваме Македонија, ова ќе ми биде една од најтешките трки во кариерата. Ќе сторам се за да ги израдувам Македонците, уште еднаш гордо да го веам нашето знаме“ – изјави Иџе.
Иџе оствари фантастичен успех откако со победата на втората трка во Белгија, со што ги задржа шансите за триумф во генералниот пласман. „Летечкиот Македонец“ моментно се наоѓа на четвртата позиција со 55 бода, зад Петр Фулин со 63, Кристјоханес Шрајбер со 57 и Норберт Наѓ со 56 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА