Репрезентацијата до 17 години без голови против БиХ на стартот од квалификациите за ЕП

Македонската репрезентација до 17 години одигра без голови против селекцијата на Босна и Херцеговина во воведното коло од УЕФА мини квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза.

Првото полувреме не понуди добар фудбал, се играше доста борбено, пред се на средината на теренот. И двете репрезентации на моменти се обидуваа да се заканат по двата гола, меѓутоа Качавенда и Андов немаа потреба во ниту една ситуација да интервенираат. Во првиот дел неколку добри потези имаше Јусуфов, крилниот фудбалер на Македонија кој и правеше најмногу проблеми на противничката одбрана.

Во продолжението од мечот нешто поотворена игра, особено на селекцијата на Босна и Херцеговина. Во воведните минути од второто полувреме, противникот преку Баџак и Хериќ се закани по нашиот гол. Пред самиот крај и Шариќ имаше добра прилика, меѓутоа без завршница. Избраниците на селекторот Станиќ одиграa добар натпревар, пред се во одбраната, противникот немаше премногу простор за игра. Конечни 0:0.

Во нашата група, на стадионот „Борис Трајковски“ во истиот термин беше одигран и мечот помеѓу селекциите на Молдавија и Словачка. Во вториот натпревар од Групата 8  во рамките на квалификацискиот турнир, Словачка издвојува сигурна победа од 2-0.

u17

МАКЕДОНИЈА – БиХ  0-0 (0-0)

МАКЕДОНИЈА: 1. Матеј Андов  3. Ален Личина  4. Божидар Митревски  5. Ване Тасевски  6. Суад Јонузи  7. Кире Трпчевски ( 2. Кристијан Трпчевски )  8. Агон Елези  11. Ален Јусуфов ( 15. ВладаНовевски )  14. Емил Скоко  16 Димитар Тодоровски  20. Џемаил Ибиши ( 9. Давид Тошевски ); Селектор: Горан Станиќ;

БиХ: 1. Лука Качавенда  2. Елвир Муминовиќ  3. Дино Исламовиќ  5. Стефан Ранкиќ  6. Роберт Володер  8. Андреј Џокановиќ  10. Ајдин Хасиќ  11. Денил Баџак  16. Иван Шарќевиќ  19. Елмин Хериќ ( 13. Немања Николиќ )  20. Армин Шариќ; Селектор: Сакиб Малкоќевиќ;

Се вчитува...