Радески: Не сме на екскурзија, сакаме во Торино позитивен резултат

На првиот ден од собирот за престојните два квалификациски натпревари на македонската репрезентација, крилниот офанзивец на Шкендија, Марјан Радески вели дека е подготвен за надигрување со Италија.

Радески потенцира дека нашата репрезентација ја чека тежок натпревар, против можеби најдобрата одбрана во светот, но сите во селекцијата се свесни дека и ние имаме свои адути за надигрување…

„Со нетрпение го чекавме овој собир… Не се собравме во репрезентацијата со чувство како да сме на екскурзија, туку да оствариме позитивни резултати со Италија и Лихтенштајн. Не очекува дуел со противник кој ја има најдобрата одбрана во светот. Но, и ние имаме добри напаѓачи, тоа го покажавме во Скопје. На првиот меч не не посака среќата, се надевам дека во Торино ќе биде спротивното и ќе успееме да дојдеме до позитивен резултат“ – вели Радески.

Се вчитува...