Репрезентацијата на Македонија со првиот собир во хотелот „Гранд Плаза“ во Скопје ги започна подготовките за квалификациските натпревари со Италија на 6. октомври во Торино и Лихтенштајн на 9. октомври во Струмица.
На првиот собир во хотелот „Гранд Плаза“ и на попладневниот тренинг во 18 часот ќе недостасуваат Столе Димитриевски, Стефан Ристовски и Езгијан Алиоски.
Новоповиканиот Адис Јаховиќ веќе е во базата на македонската репрезентација и ќе го одработи и првиот тренинг со репрезентативните колеги.
Селекторот Игор Ангеловски вели дека македонската репрезентација потврди дека може да се надигрува и со најдобрите селекции, се надева дека ќе биде така и во Торино.
„Знаеме каде гостуваме, но моите фудбалери покажаа дека можат да се носат со силни противници. Сите знаеме која е Италија, четирикратен светски првак, тактички се одлични, впрочем, од нив потекнува и добриот тактички фудбал. Тие се мајстори. Мора да дадеме максимум и да одиграме најдобро што знаеме“, вели Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА