Напаѓачот на турскиот Гезтепе, Адис Јаховиќ, доби дополнителен повик од селекторот Игор Ангеловски да се приклучи на А-тимот на Македонија за претстојните квалификациски дуели со Италија и Лихтенштајн. Оваа реакција на Ангеловски следува по информацијата дека Бобан Николов поради повреда нема да може да помогне.
Јаховиќ од стартот на сезоната игра во одлична форма во дресот на Гезтепе и во моментот е најдобар стрелец во шампионатот на Турција. Првиот тренинг репрезентативците ќе го имаат од 18 часот на комплексот во Куќата на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА