Македонската фудбалска репрезентација го има првиот собир во пресрет на двата последни квалификациски натпревари од циклусот за СП 2018, против Италија во Торино на 6.септември и три дена подоцна против Лихтенштајн во Струмица, а селекторот Игор Ангеловски посакува „црвено-жолтите“ да го дадат најдоброто од себе токму за кај на квалификациите.
Гостувањето кај четирикратниот светски првак Италија е секако голем предизвик, а се уште паметиме како се извлекоа „аѕурите“ на првиот меч во Скопје.
„Не очекуваат двата последни натпревари од овој квалификациски циклус и посакувам да го дадеме најдоброто од себе токму за крај. Италија е фудбалска велесила, но покажавме и на претходните натпревари дека можеме да се надигруваме со сите, па посакувам да биде така и в петок во Торино. Сега размислуваме за првиот ривал, за Италија, секако дека потоа ќе се фокусираме и на дуелот со Лихтенштајн во Струмица“, истакнува селекторот Игор Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА