Македонската фудбалска репрезентација денеска (12 часот) го има својот прв собир во пресрет на квалификациските натпревари против Италија во Торино и против Лихтенштајн во Струмица, а селекторот Игор Ангеловски не го одбегнаа проблемите. Фудбалерот на Вардар, Бобан Николов, поради повреда нема да може да помогне на овие два меча, па Ангеловски размислува да повика нов играч како негова замена.
Николов поради повредата не беше дел од составот на Вардар ниту на вчерашниот првенствен меч против Шкупи, а ја заработи со Розенборг во Лигата на Европа.
Останатите репрезентативци се очекува да пристигнат во добра здравствена состојба, а првиот тренинг ќе ги имаат вечерва (18 часот) на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА