Селекторот на Италија, Џанпјеро Вентура се соочува со огромни проблеми во пресрет на квалификацискиот натпревар против Македонија, што ќе се игра на 6 октомври во Торино.
Вентура вчера го објави списокот од 25 фудбалери кои ги очекува на првата прозивка во текот на утрешниот ден, но мораше да ги менува плановите по повредите на двајца стандардни првотимци. Станува збор за плејмејкерот на ПСЖ, Марко Верато, како и за голгетерот на Торино, Aндреа Белоти, кои по повредите заработени викендов нема да настапат против Македонија, како и на последниот дуел со Албанија во рамките од овој квалификациски циклус. На нивно место Вентура повика двајца нови фудбалери, плејмејкерот на Калјари, Николо Барела, и напаѓачот на Киево, Роберто Инглезе.
Речиси сигурно е дека италијанскиот селектор нема да може да смета ниту на искусниот Даниеле де Роси, откако капитенот на Рома на самиот камбек на терените заработи нова повреда, па му претстои нова пауза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА