Женската ракометна репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз во новиот квалификациски циклус, но во период во кој се обидува националниот тим да застане на нозе многу поважно од конечниот исход е начинот на кој ракометарките го бранеа дресот со државниот грб.
А за разлика од дуелите со Шведска од пред неколку месеци во баражот за СП, овојпат „црвено-жолтите“ целосно одговорија на предизвикот. Се играше стопроцентно од почеток до крај, а ривалот кој реално е поквалитетен дури во самиот финиш успеа да се одлепи и да стигне до победата.
Шансите за пласман на ЕП и пред почетокот на овој квалификациски циклус беа само теоретски, но карактерот што се челичи со храбра игра против поголеми репрезентации ќе помогне оваа селекција да созрее, па во иднина на вакви средби да се радуваме и на нејзини победи.
[new_royalslider id=”795″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА