Сообраќајната несреќа што Серхио Агуеро ја имаше во Амстердам можеше да биде и трагична доколку аргентинскиот голгетер не реагирал благовремено. Ова го открива неговиот татко, кој во интервју за аргентинските медиуми посочи неколку детали, за несреќата обвинувајќи го возачот на таксито.
„Голема среќа е што возилото било со цврста каросерија, па последиците не беа страшни. Згора на тоа, Серио самиот се спасил со тоа што го ставил појасот многу кратко време пред судирот. Тој забележал дека таксистот возел лудо и побарал од него да ја намали брзината. Тогаш го ставил и појасот, а неполна минута подоцна следело излетувањето“ – изјави таткото на Серхио Агуеро.
Аргентинецот веќе ја напуштил клиниката во Амстердам и се вратил во Манчестер. Според последните информации, и покрај напукнатото ребро состојбата на Агуеро не е премногу сериозна, па тој би можел да се врати на терените по пауза од петнаесетина дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА