Горазд Србљак во машка и Катарина Маринковиќ во женска конкуренција се државни шампиони на Македонија за 2017 година.
На Државниот шампионат во тенис кој изминативе денови се одржа на терените на ТК Југ во Скопје, Србљак кој е член на ТК Тениспарк од Скопје, во машкото финале славеше против Димитар Грабул (ТК Југ) во три сета, со 6-4,4-6,6-4.
Катарина Маринковиќ, членка на ТК Југ, пак, во женска конкуренција во финалето беше подобра од својата клупска колешка Ана Ристевска победувајќи со 6-4,6-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА