Металург го победи Спортинг и ги запиша првите бодови во Лигата на шампионите сезонава. Прбвиот триумф по двата порази донесе задоволство во тимот од Автокоманда. А, тренерот на Металург, Лино Червар, честитајќи им на своите ракометари за победата уште еднаш го потенцираше фактот дека игра со најмладиот тим во ЛШ.
„Им честитам на моите ракометари за победата кои најдоа сили да одиграат до крај. Денеска игравме со осум јуниори и со двајца кадети, ниту една друга екипа во Лигата на шампионите го нема тоа. Ни треба трпение и работа. Играчите ја сфатија оваа средба сериозно и одиграа паметно во првото полувреме. Во вториот дел ја загубивме концентрацијата , но на крај сепак ние се радувавме на победата“ – рече Лино Червар по првата победа на Металург во групната фаза од ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА