Промената во пристапот и клупската стратегија на МЗТ Скопје експресно вроди со плод, па кошаркарите на Александар Тодоров на вечерашниот дуел со Партизан имаат поддршка од над 3.000 фанови, бројка што беше незамислива во последните неколку сезони за „металците“.
Проектот со поголемо инсистирање на домашни играчи очигледно наидува на одобрување во домашната јавност, па на вечерашниот дуел „сино-белите“ имаат поддршка од трибините каква што посакуваше тренерот Тодоров.
„Фемили Аеродром“ ги нема на нивната трибина и само прашање на време е кога и најверните фанови ќе ја дадат својата поддршка на милениците, но бројката од 3.000 е добра најава дека сезона МЗТ сезонава барем на домашните натпревари ќе има „ветер во грб“ од трибините, што не е случај неколку години наназад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА