Агуеро проговори за несреќата: Таксистот го утна свиокот

Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро проговори за несреќата која се случи ноќеска во Амстердам. Аргентинецот вели дека возачот на такси возилото не го забележал свиокот, па по брзо маневрирање автомобилот почнал да се лизга, по што удриле во столбот.

„Возачот не ја забележа на време кривината, па наеднаш сврте и возилото почна да лизна по патеката. Не можеше да направи ништо повеќе, и така удривме во столбот. Имам скршеница на ребрата, па препорачано ми е да одморам од секакви активности. Нормално дека ме боли, но набрзо ќе излезам од болница“, изјави Агуеро.

За тимот на Гвардиола ова е тежок удар, особено што утре ги очекуа дерби пресметката со актуелниот првак Челси на „Стемфорд бриџ“. Според информациите од Англија, Агуеро ќе паузира околу два месеци.

Се вчитува...