Користените автомобили и во високо развиените земји на ЕУ, како и кај нас, имаат голем удел во вкупната продажба на автомобили.Доколку се со задржан квалитет и покрај поминатитите километри од претходниот сопственик тие претставуваат сериозна опција при избор на следното возило. Сепак, многу мал број на возачи се детално запознаени со историјата на половните автомобили, со нивните вистински квалитети и нивната сигурност и стабилност при возењето. Иако секое возило е индивидуална приказна, сепак потеклото и нивото на сервисна култура како и методологијата за утврдување на техничката состојба се разликува од држава до држава. Затоа првиот и најважен чекор при купување на половен автомобил е да се дознае потеклото на автомобилот, односно од која држава е увезен. Штом ќе се дознае потеклото, тогаш може да се претпостави и неговиот век на траење и квалитет.ТОП 3 водечки пазари за половни автомобили во Европа се:
Германија
Германија е синоним за производи со квалитет и стабилност. Тоа најмногу важи за автомобилската индустрија во која BMW, Mercedes, Ауди, Опел и Volkswagen се најопипливиот доказ за доблестите на производителите во оваа држава. Кога ќе се спомне дека автомобилот потекнува од висококвалитетните произведувачи во Германија тоа претставува зелено светло за купување на тој автомобил без разлика на поминатите километри или бројот на претходни сопственици на тој автомобил. Германскиот пазар на автомобили се карактеризира со сериозност, професионалност, стабилност, деталност и прецизност. Дополнителен бенефит на овој развиен автомобилски пазар е законската регулатива која е нетолерантна на секој вид на техничка несовршеност или злоупотреба при што примарна гаранција се редовните обавезни годишни технички прегледи на возилото кои се детални и софистицирани.
Дополнително на овие примарни и обавезни технички прегледи постојат и овластени независни технички консултанти или проценители на техничката исправност на автомобилите. Такви се Dekra и TÜV. Секако, возило купено од дилер или продавач кој во својата понуда вклучува и експертиза од вакво независно тело додава вредност кон понудата на својот користен автомобил бидејки клиентот добива сигурност за состојбата на автомобилот, најмногу доколку имаме случај на посредничка продажба во која продавачот не е предходен корисник на конкретното возило. Овој механизам посебно се користи при купување на големи количини (флоти) на возила од фирми кои возилата воглавно ги користат по принципот лизинг, закуп или пак рентање на возило. Независните тела во ваквите случаи го проверуваат секое возило посебно и издаваат јавна информација за механичка и каросериска состојба на возилото при што создаваат прецизен профил за автомобилите и специфични грешки за возилото. Декра и TÜV се германски агенции за технички инспекции и сертификација која работи со сегменти за индустрија, мобилност и сертификати. Нивниот опсег на услуги опфаќа консултантски услуги, инспекциски надзор, тестови и стручни извештаи, како и сертификација и обука. Нејзини цели се сигурност, безбедност и квалитет, заштита на животната средина и профитабилност. Со обезбедување на овие услуги агенциите обезбедуваат целосен извештај за историјата на возилото со цел да се оцени неговата сигурност и безбедност.
Франција
Францускиот пазар успешно го следи германскиот пазар. Тој е втор најголем пазар на автомобили во Европа. Исто како и германскиот пазар и овој пазар е познат по производителите како Renault, Citroën и Peugeot. Успешноста и квалитетот на овие модели влева лојалност и доверба кај возачите и потенцијалните купувачи на половни автомобили ширум светот.
Законодавството и развиената и софистицирана мрежа на примарна проверка на техничката исправност преку основните годишни прегледи за возилата регистрирани во Франција (без оглед дали се работи за француски или друг производител) гарантира сигурност, безбедност и техничка исправност. Во последните 10 години посебен аспект е даден и на екологијата и заштитата на животната околина.Како и во Германија, и во Франција се практикува користење на независни инспекциски тела за проценка на техничката состојба на возилата и меѓу нив најеминентни се Macadam, Arval, и во многу случаи и германскиот бренд Dekra.
Земјите на БЕНЕЛУКС
Иако се работи за држави со помал квантум на возила државите од регионот Бенелукс се исто така интересен и квалитетен извор на возила и се честа дестинација за купувачи од ЕУ, но и надвор од границите на ЕУ. Овој факт најмногу се должи на високата техничка култура како и степенот на ригорозно законодавство поврзано со контрола на безбедност на возилата и заштита на животната средина. Покрај развиената мрежа на овластени продавачи на возила од одредени брендови постојат и сериозно организирани мултибренд дилери кои продаваат користени возила со гарантиран квалитет како и платформи кои исклучително посредуваат при продажба на возила од корисници на лизинг или компаниски возила. И овие возила во секој случај безусловно се проверуваат од страна на независни инспекциски тела.
Во Македонија постои официјален мултибренд аутлет за половни возила (ОМО – Olympia Motors Outlet) каде што секој заинтересиран може да направи избор од тековните половни автомобили кои што се на располагање во нивниот салон или да изврши посебна нарачка на одреден модел. 80% од автомобилите се увезуваат од странски пазар, од Германија и Франција, со цел да се обезбеди поголем квалитет и сигурност на самите автомобили. Можете да го одберете Вашиот модел на официјалните страни на Olympia Motors Outlet,
https://omo.mk/https://www.facebook.com/OlympiaMotorsOutlet/?ref=br_rs
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА