ФИФА го суспендираше Деле Али поради „поздравот“ со среден прст

ФИФА го казни англискиот репрезентативец, Деле Али со еден меч суспензија, поради покажувањето на среден прст за време на натпреварот против Словачка. Фудбалерот на Тотенхем ќе го пропушти квалификацискиот натпревар за СП против Словенија, средбата која е закажана на 5. октомври, а исто така ќе мора да плати и 3.800 фунти парична казна.

Али по натпреварот со репрезентацијата на Словачка истакна дека гестот со прстот бил наменет за неговиот екс-соиграч Кајл Вокер, кој во тие моменти се наоѓаше на клупата каде беше сместен целиот тим на Англија. Слекеторот Саутгејт ја поддржи изјавата на Али, и потврди дека сето тоа беше наменето за Вокер, па Али може да биде среќен што избегна подолга казна.

Сепак, фудбалската Куќа не можеше потврди дали навредливиот потег бил наменет за судија, или пак за Вокер, како што тврди самиот репрезентативец, но превземање на санции беа неизбежни.

Се вчитува...