Најелитното аматерско натпреварување во мал фудбал, Бизнис лига на Македонија, денес одржа прес конференција, на која беа претставени компаниите учеснички, системот на натпреварување, распоредот од есенскиот дел како и медиумските покровители.
Од оваа сезона „Горска Вода“ ќе биде дел од Бизнис лигата. Таа ќе има за задача да ги освежува натпреварувачите. Свое обраќање имаа и проект менаџерите Младен Ѓуроски и Филип Николовски на Бизнис лигата кои им посакаа на компаниите пред се фер плеј игра успешна сезона исполнета со многу забава и како и секогаш да победи подобриот.
На пресот се обрати и директорот на С. Ц. Борис Трајковски Александар Петровски кој го потврди континуитетот на соработката помеѓу Бизнис лигата и С.Ц. Борис Трајковски
Што се однесува до самиот ситем на натпреварување, ќе се игра еднокружно (секој со секого) бидејќи натпреварувањето се игра без гостински терен, за да на крајот првите 4 екпи влегуваат директно во Ф8 фазата која е елиминациона и секој пораз значи од испаѓање, додека пак со разигрување шанса за влез во Ф8 ќе имаат и екипите од 5то до 12то место. Победниците влегуваат во Ф8 по што ќе се игра завршниот турнир кој води до шампионската титула на Бизнис Лигата на Македонија.
Сезоната 2017/2018 е седмата последователна сезона во која Бизнис Лига на Македонија брои рекорден број на компании и тоа дваесет и две:
1 Аџибадем Систина
2 Бетон
3 Гранит
4 ЕВН
5 ЕЛЕМ
6 Еуро Табак
7 ЈСП
8 Лукоил
9 Македонски Телеком
10 Макпетрол
11 Матрикс
12 Оне.Вип
13 Окта
14 Пекабеско
15 Раде Кончар
16 Рамстор
17 Сава Осигурување
18 Уни Банка
19 Уника
20 Фабрика Карпош
21 Халк Банка
22 Џонсон Мети
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА