Ајде да се сликаме, па да почнеме со кошарка (Фотогалерија)

Кошаркарите и членовите на стручниот штаб на МЗТ Скопје позираа пред камерите и фото-објективите, за почеток на новата сезона.

Организираниот ден за медиумите беше можност за изјава од сите членови на македонскиот шампион, кои потоа се наредија пред клупскиот фоторепортер за официјални фотографии.

По тренингот и сликањето играчите се упатија дома, видно мотивирани во пресрет на стартот на новата сезона и петочниот дуел од АБА-лигата против Партизан. Доста беше сликање, време е за кошарка.

[new_royalslider id=”787″]

Се вчитува...