Бојан Трајковски низ кариерата настапуваше за речиси сите македонски прволигаши, но одличниот крилен центар летово за првпат потпиша договор со МЗТ Скопје. Доаѓајќи од редовите на големиот ривал Карпош соколи, Трајковски сигурно ќе биде едно од најголемите засилувања на „металците“ во новата сезона.„Искрено ми се допаѓа новиот проект на МЗТ Скопје, но кој акцент се става на домашните и на младите кошаркари. Тоа беше една од главните причини поради кои решив да дојдам. Знам дека доаѓам во актуелниот шампион и обврска ни е повторно да атакуваме на трофеите, без оглед на помалиот буџет од ланската сезона. Во АБА-лигата ќе настојуваме да стигнеме до што повеќе победи и подобар пласман, нема да биде лесно бидејќи сите екипи се засилени. Стартуваме со Партизан, ривал сличен на нас, кој го намали буџетот во однос на минатата сезона, но поседува талент и карактер“ – истакнува Трајковски.И Трајковски како претходно тренерот Тодоров изрази надеж дека „металците“ ќе имаат поголема поддршка од трибините со враќањето на Фемили Аеродром.„Дефинитивно ни е потребна помош од трибините, се надевам дека навивачите ќе се вратат и конечно оваа сала ќе изгледа како што личи. Ние во секој случај ќе даваме максимум на секој натпревар и верувам дека со таквиот пристап ќе придонесеме на секој следен меч да расте и бројот на навивачи на трибините“ – вели Бојан Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА