Македонските ракометни репрезентативки веднаш по враќањето од Турција, откако на турнирот во оваа земја забележаа еден триумф и два порази, се фатија за работа во СРЦ „Кале“, продолжувајќи со тренинзи пред стартот на новиот квалификациски циклус, овојпат за ЕП 2018.
„Црвено-жолтите“ в четврток ќе гостуваат против Шведска, селекцијата од која беа убедливо поразени во баражот за СП, но селекторот Симовски и неговите избранички се свесни дека можат да прикажат многу подобра игра од последните две средби со овој ривал.
За разлика од турнирот во Турција, овојпат Симовски на располагање ќе ги има сите интернационалки, кои ќе тренираат заедно се до заминувањето за Шведска в среда.
[new_royalslider id=”785″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА