Хеведес ќе го почека дебито во дресот на Јуве, нова повреда на Германецот

Дефанзивецот кој во редовите на Јуве пристигна ова лето, Бенедикт Хеведес ќе паузира еден месец поради повреда на бутот на левата нога. 29-годишниот фудбалер уште по пристигнувањето во Торино се мачеше со повреда, чекајќи ја својата прилика за деби во новиот дрес, Хеведес одново се повреди на тренинг, па сега ќе биде надвор од терените уште најмалку четири недели.

„За време на денешниот тренинг Хеведес се здоби со повреда на бутниот мускул на левата нога, а по прегледите на медицинскиот тим заклучивме дека ќе му требаат најмалку четири недели за комплетно да се опорави“, пишува во соопштението на клубот.

Германскиот репрезентативец ќе ги пропушти средбите со Аталанта, Лацио, Удинезе и Спал во Серија А, додека во Лигата на шампиони ќе отсуствува од пресметките со Олимпијакос(утре) и Спортинг Лисабон. Медицинскиот тим ќе се обиде да го подготви фудбалерот за дербито со Милан, кое ќе се игра на „Сан Сиро“ на 28. октомври.

Се вчитува...