Македонскиот капитен во дресот на Нант, доби аплауз и скандирање од публиката во СЦ „Јане Сандански“, но, не се наигра многу на вечераниот дуел против Вардар. Францускиот тим го загуби дуелот со европскиот шампион (27-23), а Кире Лазаров невообичаено за него, на овој натпревар остана без ниеден постигнат гол.
Двапати најдобриот стрелец во Лигата на шампионите во поголемиот дел од натпреварот беше на клупата, а стартната позиција на десен бек во Нант ја имаше Шпанецот Едуардо Гурбиндо. Лазаров упати само еден удар кон голот на Вардар и тоа од седмерец во 25.минута од натпреварот, но ударот заврши во нозете на Арпад Штербик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА