Борусија Дортмунд игра фантастичен фудбал на „Сигнал Идуна парк“ и постигнува голови како од шега. Тоа го почувствува на своја кожа Борусија Менхенгладбах, која денеска загуби со 6-1.
Максимилијан Филип беше стрелец на првите два гола за „милионерите“, а пред самиот крај на првиот дел погоди и Пјер Емерик Обамејанг. Тој продолжи со серијата и во вториот дел, стигнувајќи до хет – трик, а серијата ја затвори Џулијан Вајгл.
Единствениот гол за Борусија Менхенгадбах беше дело на Штиндл во 66.минута.
Goal HD – Borussia Dortmund 6-1 Borussia… by livefootball10
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА