Македонската Кошаркарска Федерација нема да ја покрие платата на МЗТ Скопје за изминатиот период, заработена по повредата заработена за време на подготовките за СП 2019. Ова е одлуката на МКФ откако Комисијата составена од пет доктори утврдила дека воопшто не станува збор за нова повреда, туку за стар проблем на кошаркарот на МЗТ Скопје.
„Стануваше збор за комисија од пет доктори, во која беа вклучени и специјалисти и ортопеди. Одлуката доцнеше бидејќи чекавме да ја добиеме целокупната документација и сите лекарски извештаи. Во неа јасно се гледа дека не станува збор за нова повреда, нова скршеница како што се тврдеше“ – изјави за ЕКИПА Генералниот секретар на МКФ, Моника Гаврилоска.
Останува фактот дека Симоновски се повреди за време на еден од првите тренинзи на националниот тим, под водство на селекторот Јорданчо Давитков. Репрезентативците вообичаено пред почетокот со подготовките ги минуваат лекарските прегледи, по што му се ставаат на располагање на селекторот. Дури и доколку станува збор за обновување на стара повреда, треба да постои одговорност и да му се излезе во пресрет на играчот кој покажал желба да настапува за националниот тим (иако претходно неколку месеци беше „во аут“).
Сепак, МКФ преку одлука на комисија реши да не ја покрие платата на Симоновски за овој период (бидејќи не е ниту осигуран во ФИБА). Останува да се види дали и колку играчите кои влечат хронични повреди во иднина ќе настапуваат во националниот дрес, свесни за ризикот дека истото може да му се случи на секој од нив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА