Во таборот на ПСЖ тврдат дека проблемите меѓу Нејмар и Единсон Кавани се минато, но сериозни сомнежи околу овие тврдења повторно се појавија откако денеска беше откриено дека Нејмар воопшто нема да биде дел од тимот на дуелот со Монпелје. Тренерот Емери денеска го објави списокот на играчи на кои ќе смета за оваа средба, а изненадувачки на истиот не се најде најскапиот светски фудбалер.
Првичните информации од Париз говорат дека станува збор за ситна повреда на стопалото, но медиумите изразуваат сериозен сомнеж дека Бразилецот навистина е повреден.
Весникот „Л’Екип“ обелодени дека Нејмар се извинил пред целата екипа за своето однесување, преведувач му бил капитенот Тијаго Силва. Сепак, неговото отсуство за Монпелје фрла сомнеж дека извинувањето не било доброволно, па останува да се види во кој правец ќе се движи оваа „сапуница“ во периодот што следи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА