Емери балансира: Пенали ќе шутираат…Кавани, и Нејмар!

Караницата меѓу Единсон Кавани и Нејмар за пеналот против Лион одекна силно во светската фудбалска јавност, а тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, се обидува да ја смири ситуацијата со балансирање меѓу двете ѕвезди. Секако, главното прашање е кој ќе продолжи да ги шутира пеналите за Пари Сен Жермен на наредните натпревари.

Шпанецот даде дипломатски одговор…

„Кавани и Нејмар се најдобрите изведувачи на пеналите и на тренинзите. Тие ќе шутираат пенали оваа сезона“, изјави Емери.

Сепак, останува прашањето, дали повторно ќе има караница, или пак Емери ќе одреди кој е прв, а кој втор изведувач на ударите од белата точка.

Се вчитува...