Европскиот ракометен првак Вардар својот прв натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите ќе го игра ослабен, без помошта на средниот бек Игор Карачиќ. Хрватскиот интернационалец заработи повреда на скочниот зглоб на левата нога и во моментот оди со помош на патерици. Тоа значи дека тој дефинитивно нема да биде подготвен за саботниот дуел против Нант, францускиот тим кој од оваа сезона е засилен и со најдобриот македонски ракомет Кире Лазаров.
Вардар во првото коло од ЛШ славеше на гости против Висла Плоцк со 22-26.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА