Сагата околу заминувањето на Диего Коста од Челси денеска конечно финишираше откако Атлетико Мадрид ги договори сите детали од трансферот на својот поранешен фудбалер назад во Шпанија.
Коста навреден од односот на Конте (преку СМС му беше соопштено дека повеќе не се смета на неговите услуги) водеше војна со Челси одбивајќи да се врати назад во Лондон, за што неколку пати беше казнуван од управата на англискиот првак. Тој инсистираше да му биде овозможено да се врати назад во Атлетико, за желбата конечно да му се исполни откако Челси денеска ја прифати понудата на мадридскиот клуб вредна 65 милиони евра. Од нив, 55 милиони ќе бидат исплатени со самата реализација на трансферот, а Челси би можел да добие дополнителни десет милиони преку исполнување на неколку клаузули.
Коста веќе ги има договорено и личните услови со старо-новиот клуб, со кого во најскоро време ќе потпише договор со важност до јуни 2021 година. Сепак, одличниот голгетер ќе може да биде регистриран и да го носи дресот на Атлетико Мадрид дури од јануари 2018 година, поради забраната за регистрирање на нови фудбалери изречена од ФИФА. Заедно со Коста мадридскиот клуб тогаш ќе го регистрира и Витоло, кој летово беше ангажиран од Севилја, па испратен на позајмица во Лас Палмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА