Лос Анџелес лејкерс е новиот клуб на Ендрју Богут, откако 32-годишниот центар ги избра токму „езерџиите“ од неколкуте понуди што ги имаше за продолжување на кариерата.
Богут денеска потпиша едногодишен договор за ветерански минимум, што во неговиот случај изнесува 2,3 милиони долари. Иако интересни понуди доби и од Бостон и од Кливленд, Австралиецот сепак реши да замине „на запад“ и повторно да соработува со Лук Волтон, кој беше асистент во стручниот штаб на Голден стејт додека Богут го носеше дресот на оваа екипа.
Австралискиот центар беше прв пик на драфтот во 2005 година, кога беше избран од страна на Милвоки. Подоцна тој настапуваше за Голден стејт, Далас и Кливленд, но за жал честите повреди го спречија да го покаже сиот свој потенцијал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА