Револуционерни промени во тенисот

Бројни промени во тенисот ќе бидат тестирани во ноември, по што ќе се знае иднината на овој спорт. Од 6. до 11. ноември во Милано ќе се одржува јуниорскиот „НекстЏен“ турнир во тенис, на кој за прв пат ќе се спроведат новите правила, и во иднина ќе треба да се употребуваат на натпреварите кои се под АТП „капата“.

Тоа значи дека за прв пат сетовите ќе се играат до четири добиени гемови, ќе отстранува правилото за „предност“ при резултат од 40-40, ќе бидат овозможени консултации со тренерите. Минатиот викенд е донесена одлука да се спроведе промена на уште едно конкретно правило.

Имено, целта е во иднина мечевите да се играат без линиски судии околу теренот, односно на теренот на присуствува само главниот арбитар. Работата која со денеции ја вршеа линиските судии, ќе биде заменета со „хок-ај“ системот, кој се употребува само при одредени ситуации, поточно кога тенисерите ќе побараат „челинџ“ во спорни ситуации. Во иднина истиот систем ќе врши комплетна проверка на секоја топка при игра.

„Ова би можел да биде историски момент за судењето во нашиот спорт. Ќе ги следиме резултатите и ќе се трудиме да ги унапредиме сите недостатоци доколку ги има“, потврди Дејвид Бредшо, задолжен за правилникот и натпреварувањата во АТП.

Се вчитува...