Селекторот на женскара ракометна репрезентација, Симе Симовски, денеска го објави поширокиот список на ракометарки на чии услуги ќе смета за стартот од квалификациите за ЕП 2018 што ќе се одржи во Франција.
Првиот собир е закажан за 25 септември (понеделник) од 18:30 часот во СРЦ „Кале“, а селекторот Симовски во поширокиот список вклучи 23 ракометарки: Наташа Антиќ, Матеја Серафимова, Драгана Петковска, Јована Мицевска, Теодора Керамичиева, Мирјета Бајрамоска, Дајана Јовановска, Елена Ливриниќ, Симона Стојановска, Душица Ѓорѓијевска, Елена Ѓорѓијевска, Маја Трпковска, Зорица Десподовска, Александра Боризовска, Андреа Белеска, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Марија Гајиќ, Ивана Гакидова, Марија Николиќ.
Нашата репрезентација ќе го отвори квалификацискиот циклус со натпревар против фаворизираната Шведска на гостински терен во Лунд на 28 септември, додека на 1 октомври Македонија во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Србија. Во нашата квалификациска група уште се наоѓа и селекцијата на Фарски Острови.
Непосредно пред првиот собир, женската репрезентација ќе одигра подготвителен меѓународен турнир во Турција, во периодот од 21 до 24 септември, на кој Македонија ќе се сретне со Италија и со две екипи на домаќинот Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА