Пролет и Борец одиграа суперинтересен натпревар во рамките од првото коло од ракометната Супер-лига, ремизирајќи 28-28. Гостите сигурно ќе бидат позадоволни од ваквиот исход, со оглед на фактот дека по првото полувреме Пролет водеше со 18-14. Сепак, велешани заиграа далеку подобро во одбраната и успеаја да се вратат, а мора да се истакне дека при резултат 28-28 Пролет не искористи седмерец.
Андоновски со шест и Ролевски со пет гола беа најефикасни кај Пролет, додека прв стрелец на Борец беше Илиев со девет постигнати погодоци.
Пелистер неочекувано загуби на гостувањето против Радовиш со резултат 25-24, откако битолчани прокоцкаа огромни шест гола предност од првото полувреме (10-16). Мирко Мајиќ постигна единаесет погодоци за Радовиш, вклучувајќи го и шутот за победа во последната минута, а најистакнати кај „пелистерци“ беа Митиќ со шест и Филип Лазаров со пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА