Новата сезона од ракометната Супер-лига официјално стартуваше денеска, откако Металург 2 со одлична игра го изненади тимот на Прилеп, триумфирајќи со 31-28.
Во главна улога беше младинскиот репрезентативец на Македонија, Мице Шилегов, кој уште еднаш покажа дека е огромен талент предводејќи ги младите „металурзи“ со голема победа. Тој го заврши натпреварот со десет гола, три од нив во моментите кога се кршеше резултатот и заедно со Мартин Серафимов со девет беше најзаслужен за оваа победа на „металурзите“.
Првото коло од новата сезона во Супер-лигата ќе се комплетира денеска со дуелите Пролет – Борец, Охрид – Вардар јуниор и Радовиш – Пелистер, додека мечот Работник – Младост нема да се игра поради повлекувањето на клубот од Богданци, кој поради финансиски проблеми нема да се натпреварува во елитното друштво оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА