Секоја чест за навивачите на Келн за посветеноста кон клубот и желбата да ги бодрат своите миленици на вечерашното гостување против Арсенал.
Околу 30.00 Германци допатуваа денеска во Лондон иако гостите имаа билети за само 10% од нив, но фановите на Келн имаа план – да ја искористат незаинтересираноста на навивачите на Арсенал за оваа средба.
„Навивачите на Келн купија членски карти, дел од нив дури и дресови на Арсенал само за да дојдат до домашни влезници“ – информираат англиските медиуми.
Токму тоа било причината за одложувањето, бидејќи организаторот инсистирал навивачите да бидат разделени за да не дојде до посериозен инцидент за време на натпреварот. Сепак, гостите одлично се групирани, па уште пред почетокот на мечот создаваат фантастична атмосфера на трибините на „Емирати“.
FC Koln fans have completely taken over here pic.twitter.com/880yCwoZN2
— Chris Wheatley (@ChrisWheatley_) September 14, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА