Висла Плоцк се загрева за ЛШ, Обрадовиќ ќе дебитира против Вардар

Полскиот вицешампион Висла Плоцк во победнички ритам ќе го пречека Вардар во мечот в недела, на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите. Избраниците на тренериот Пјотр Пжибецки на домашен терен славеа против Погон Шчечин со 27-21 во првото коло од полскиот шампионат.

Најефикасни во составот на Висла беа полските репрезентативци, Пжемислав Крајевски со шест и Михал Дашек со пет гола. Српскиот реопрезентативец, Немања Обрадовиќ кој по расчистувањето на спорот со Металург и официјално е играч на Висла Плоц, не беше во составот на полскиот тим на овој меч. Според најавата од тренерот на Висла, 26-годишниот српски бек ќе дебитира во дресот на Висла на неделниот меч против Вардар.

фото: sportowefakty.pl

Се вчитува...